КАДРИ НА МИЦКОСКИ ЗЛОУПОТРЕБУВААТ УЧЕНИЦИ Обвинувања од СДСМ за екскурзијата на „истомисленици на Иван Михајлов“ во Софија
Кадри на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски носат малолетни деца на средби со финансиерот на Ванчо Михајлов. Жанета Сирвини е поставена за директор на средно техничко училиште во Битола токму од ВМРО-ДПМНЕ односно градоначалникот на Битола, Коњановски, пред околу 3 месеци, се вели во соопштението на СДСМ.
На информацијата дека ученици од средното техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ биле на екскурзија во Бугарија, реагираше СДСМ со оценка дека „на виделина излезе нов скандал на ВМРО-ДПМНЕ поврзан со бугарскиот клуб Ванчо Михајлов.“