Кадлоу: На САД не и се заканува втор бран од пандемијата на коронавирусот

239

Економскиот советник во Белата куќа, Лери Кадлоу, денеска изјави дека САД не се загрозени од втор бран на пандемијата на коронавирусот, иако пастојат некои нови жаришта во сојузните држави, како Флорида, на пример.

Британските медиуми, пренесувајќи го Кадлоу, додаваат дека е малку веројатно дека ќе има затворања низ целата земја.






– Има неколку жаришта. Ние работиме на тоа. Знаеме како да се справиме со ова, минавме долг пат од минатата зим – рече Кадлоу за Си-Ен-Би-Си.

САД се земја која е најтешко погодена од пандемијата на коронавирусот во светот, со повеќе од 2,3 милиони заразени и 122.259 мртви, се наведува на сајтот „Worldometers

Поврзани содржини