КАДИРОВ ОДГОВОРИ НА УКРАИНСКАТА ПОТЕРНИЦА Господа, не ви треба налог, ќе дојдам и ќе ве казнам!

Службата за безбедност на Украина (СБУ) распиша потерница за Кадиров заради „водење агресивна војна или агресивна воена акција", за што е предвидена затворска казна од 10 до 15 години.

805

Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров синоќа му порача на Киев дека нема потреба да го ставаат на списокот на барани лица и да распишуваат потерница, нагласувајќи дека ќе сам ќе дошол.

– Господа од СБУ, одредете го местото и времето, ќе дојдам. Ќе дојдам по вас и ќе ве казнам за сите ваши злосторства – се закани Кадиров преку видео објавено на Телеграм.






Тој додаде дека веќе неколку пати бил во Украина.

Службата за безбедност на Украина (СБУ) распиша потерница за Кадиров заради „водење агресивна војна или агресивна воена акција”, за што е предвидена затворска казна од 10 до 15 години.

Кадиров на веб-страницата на украинското министерство е наведен како „лице што се крие од истражните органи”, а објавена е и негова фотографија, пишува руската новинска агенција ТАСС.

Поврзани содржини