КАДИРОВ КАКО ЗАСТАПНИК НА РУСИЈА Не се повлекуваме, ќе го освоиме Киев

Руските власти соопштија дека нивните сили ќе се фокусираат кон „целосно ослободување“ на Донбас, притоа алудирајќи на Луганск и Доњецк. 

602

Претседателот на руската република Чеченија, Рамзан Кадиров, изјави дека офанзивата во Украина нема да се спроведува само во Мариупол, туку и во главниот град Киев како и во другите украински градови.

Во видео-пораката објавена рано изутринава преку платформата „Телеграм“ тој вели дека „целосно ќе ги ослободи (источните региони Луганск и Доњецк“)…а потоа ќе ги преземе Киев и сите други градови“.






– Ве уверувам дека нема да има ниту еден чекор назад – вели Кадиров.

Неговата изјава доаѓа во мигови кога конфликтот во Украина се преместува на исток каде украинските сили се утврдени и добро подготвени за борба.

Руските власти соопштија дека нивните сили ќе се фокусираат кон „целосно ослободување“ на Донбас, притоа алудирајќи на Луганск и Доњецк.

Поврзани содржини