КАДИРОВ ГИ ПУШТА МАЛОЛЕТНИТЕ СИНОВИ НА ФРОНТОТ „Дојде време Ахмат, Ели и Адам да се покажат“

Дојде време да се докажат во вистинска борба, а јас само ја поздравувам нивната желба. Наскоро тие ќе одат на првата линија и ќе бидат на најтешките делови од линијата на фронтот, рече Кадиров.

590

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров одлучи да ги испрати своите малолетни синови во војна во Украина. Ахмат, Ели и Адам ќе бидат лоцирани на „најтешките делови од линијата на фронтот“, рече лидерот на Чеченија, пренесува Мондо.

– Дојде време да се докажат во вистинска борба, а јас само ја поздравувам нивната желба. Наскоро тие ќе одат на првата линија и ќе бидат на најтешките делови од линијата на фронтот -рече Кадиров.

 






Шефот на Чеченија, исто така, ги повика озборувачите кои тврдат дека неговите роднини не учествуваат во специјалната операција, „да се позанимаваат со момците во блиска иднина и да се уверат дека Ахмат е сила!“

Поврзани содржини