Кадиев: Обвинителството не обезбеди докази за „Рекет“, ниту го повика Горан Николовски од УБК да сведочи

805

Обвинителството нема извршено вештачење на снимките што како докази ги доставил сведокот Јордан Камчев, рече денеска Дељо Кадиев, бранителот на обвинетата поранешна специјална обвинителка Катица Јанева во своите завршни зборови за предметот „Рекет“.

Дали можеби предметот „Рекет“ е измислен за обвинетите од „Империја“ да бидат ослободени, праша Кадиев според кого, неовластеното снимање на Јанева е кривично дело.






– Судот не требаше да ги прифати овие докази, но ги прифати поради јавниот интерес. Материјалите од неовластеното снимање од може да се употребат во предметите на СЈО поднесени до 30 јуни. После тоа може да бидат само индиции – објасни адвокатот.

Тој во завршните зборови спори со, како што рече, незаконитоста на доказите не само заради начинот на кој се прибавени, но о поради противзаконитото интервенирање во аудио записите на кои им биле дадени наслови без разлика дали тоа го сторил сведокот или Обвинителството.

– Самиот даден наслов на фајловите е влијание врз судот што треба да слушне, а не што навистина се слуша на снимките – рече Кадиев.

Тој забележа што во овој судски процес Обвинителството не го повикало да сведочи Горан Николовски, поранешен шеф на УБК, кому наводно Камчев му го пријавил кривичното дело, иако тоа во неколку наврати било побарано во текот на судењето.

Кадиев, исто така забележа што Обвинителството, не докажало дека гласот на приложените снимки е на Јордан Камчев, како и дека Обвинителството не го обезбедило несесерот во кој сведокот Ана Камчева, наводно дала 350.000 евра што е материјален доказ.

– Ако Обвинителството го прибавеше несесерот ќе можеше да утврдиме дали е вистинит нејзиниот исказ дека во него ставила 350.000 евра кои ако во најголем дел биле од по 50 евра во него требало да има 7.000 банкноти кои се сомневаме дека Камчева ги ставила во несесерот со таква големина, туку за тоа е потребно торба. Оттаму се сомневаме во исказот на овој сведок – рече Кадиев.

Тој забележа и тоа дека заедничко на сите сведоци е тоа што сите тие пријавувале дека биле рекетирани во амбасади, кај пријатели, но не и кај државните органи на прогонот.

– Дали е забрането дома да имате пари – праша Кадиев спорејќи ги доказите на Обвинителството, односно снимките во домот на обвинетата Јанева на кои се гледа како на маса до која седи таа има снопче со пари, за кое Обвинителството тврди дека имало 50 илјади евра. Кадиев вели дека не само што немало вештачење на тие снимки и фотографии за да се утврди нивната веродостојност, туку и дека Обвинителството не ни побарало такво нешто.

Во тек се завршните зборови на одбраната на Јанева, а потоа пред судот завршни зборови се очекува да даде и поранешната обвинителка.

Обвинителката Вилма Русковска и денеска не е присутна на рочиштето за „Рекет“, поради судењето против организаторите на крвавиот четврток.

 

Поврзани содржини