КАДЕ ТУКА ЗНМ ГЛЕДА ГОВОР НА ОМРАЗА? Бетмен Велит ќе тужи ако не му се извинат

Конкретната причина за барањето од ЗНМ Илиевски да заврши во затвор е прашањето составено од два збора „Добро, зошто” објавено на социјалната мрежа Фејсбук. Според соопштението на ЗНМ, овие два збора објавени од новинарот се вршење на кривично дело поврзано со поттикнување на говор на омраза и закани за што Илиевски според законот треба да добие затворска казна.

3,409

Откако Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) го обвини новинарот на Алфа ТВ Богдан Илиевски познат како Бетмен Велит дека поттикнал говор на омраза и практично бара затвор за поставено прашање на социјалната мрежа Фејсбук, се јави самиот Илиевски кој побара јавно извинување, оти во спротивно, како што порача, ќе биде принуден да активира правна заштита на своите права.

Во соопштение за јавноста ЗНМ открива дека од странски амбасади и од МВР бара да го осудат прашањето поставено од Илиевски со колешката Лепа Џундева од ТВ24 во кое тој ја прашува зошто во интервју со грчки политичар често го користи името Северна иако според законот тоа не мора да го прави.






Конкретната причина за барањето од ЗНМ Илиевски да заврши во затвор е прашањето составено од два збора
„Добро, зошто” објавено на социјалната мрежа Фејсбук.

Според соопштението на ЗНМ, овие два збора објавени од новинарот се вршење на кривично дело поврзано со поттикнување на говор на омраза и закани за што Илиевски според законот треба да добие затворска казна.

Фејсбук статусот на Богдан Илиевски, преку кој, според ЗНМ, новинарот шири говор на омраза и дискриминација

 

Целото соопштение на ЗНМ и Независниот синдикат на новинари:

„Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат загриженост за говорот на омраза кон новинарите, особено новинарките, на социјалните мрежи во земјава. Овој вознемирувачки тренд претставува сериозна закана за слободата на медиумите и ги поткопува демократските вредности и принципи што ги поддржуваат Македонија и нејзините меѓународни партнери. Дополнително ваквите притисоци создаваат чувство на несигурност и предизвикуваат самоцензура во медиумскиот простор.

ЗНМ и ССНМ денеска упатија заедничко писмо до странските амбасади и организации во земјава со особена загриженост во контекст на интернет заканите и нападите врз новинарките.

Последен сериозен случај на закани и поттикнување на говор на омраза на социјалните мрежи беше со колешката Лепа Џундева од ТВ 24, а поврзано со нејзиното интервју со грчкиот пратеник Сиригос. Дел од ова интервју, извадено од контекст, на својот Фејсбук профил објави Богдан Илиевски, ТВ водител на вечерна емисија, со што поттикна говор на омраза и закани кои можат да доведат до насилство. Некои онлајн медиуми како Off.net.mk ја продолжија кампањата за оцрнување кон Џундева, користејќи ја нејзината слика на социјални мрежи со што дополнително се испровоцираа лични навреди, повици за омаловажување како и експлицитни закани по животот на новинарката од страна на трети лица кои коментираат на овие објави.

За овој случај ЗНМ вчера поднесе официјално барање за кривично постапување до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР преку правен застапник во име на колешката Џундева. Оттука, го повикуваме Министерството за внатрешни работи итно да ги преземе сите мерки за расчистување на овој случај, а од ОЈО очекуваме брзо процесуирање и ригорозни казни за оние кои објавуваат закани по животот на медиумските работници.

ЗНМ и ССНМ потсетуваат дека онлајн заканите и говорот на омраза на социјалните мрежи може да претставуваат сериозна загрозување на безбедноста. Апелираме до граѓаните да се воздржат од закани кон новинарите и медиумските работници, бидејќи таквите постапки претставуваат кривични дела за кои можат да следат и затворски казни“, се вели во соопштението.

Во продолжение, ви го пренесуваме и одговорот на Илиевски испратен до ЗНМ и до ССНМ:

„Со јавно објавената информација на 06.06.2024 година – заедничко соопштение на ЗНМ и ССНМ, објавено на веб-страница на ЗНМ (сопственик на доменот znm.org.mk) и истовремено на веб-страница на ССНМ (сопственик на доменот ssnm.org.mk) под наслов ‘Онлајн малтретирањето и заканите кон Лепа Џундева и други новинарки се неприфатливи’ (линк од изворно објавениот текст даден подолу), авторите и објавувачи на текстот ЗНМ и ССНМ ‘изразуваат загриженост за говорот на омраза кон новинарите, особено новинарките на социјалните мрежи во земјава…’ наведувајќи, и истовремено директно напаѓајќи ме и посочувајќи ме мене лично дека со објава на мој личен Facebook профил, каде е објавено дел од јавно објавено интервју на Лепа Џундева со одреден грчки пратеник, сум довел до ‘поттикнување на говор на омраза и закани кои можат да доведат до насилство’ спрема Лепа Џундева, со што ЗНМ и ССНМ, секој посебно, со изнесување на вакви субјективни и тенденциозни ставови и невистините тврдења против мене, односно со изнесување на ваква клевета, ми нанесоа штета на мојата чест и углед како физичко лице. Дотолку повеќе, оркестрирано понатамошно споделување на соопштението на ЗНМ и ССНМ на други веб локации од страна на физички и правни субјекти, придонесе само кон таквата штета да биде од поголеми размери, покажувајќи намера за постигнување на таквата цел од страна на ЗНМ и ССНМ.

Имајќи го предвид претходното, согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, со овој допис барам посебно од ЗНМ и посебно од ССНМ јавно извинување и јавно повлекување на изјавата и содржината на објавата со која е извршена клевета против мене. Доколку во предвидениот рок не добијам јавно извинување и јавно повлекување на објавената содржина на начин предвиден согласно законот, како и непосредно реагирање од страна на ЗНМ односно ССНМ до останати веб локации кои ја имаат споделено ваквата информација со која се врши клевета против мене, ве информирам дека ќе ги искористам сите расположливи правни средства и механизми согласно закон со цел на заштита на моите права со цел да си ја одбранам честа и угледот, како и слободата на мислата, говорот и нивното јавно изразување. Крајно, согласно принципите и практики на транспарентност за кои се залагаат сите новинари, замолувам да ме известите мене и целокупната јавност за времето на одржување на седницата/состанокот од страна на ЗНМ односно ССНМ на кој се усвоил овој став кон мене, за форматот на таквиот состанок и за тоа кој од вашите ценети членови ги донеле таквите заклучоци кои ги пренесовте во вашето заедничко соопштение со кое се врши клевета против мене, како би знаел дали процесот да го водам против цел правен субјект, против неколку лица или можеби против еден човек кој ја искористил приликата од лични причини“, се вели во одговорот.

Според македонскиот Кривичен законик во членот 419 став Г Илиевски кој на Фејсбук постави обично лично прашање без никаква навреда, закана или клевета се соочува со затворска казна од една до пет години затвор.

Ширење на расистички и ксенофобичен материјал
по пат на компјутерски систем
Член 394-г

(1) Тој што преку компјутерски систем во јавноста шири расистички и ксенофобичен пишан материјал, слика или друга репрезентација на идеја или теорија која помага, промовира или поттикнува омраза,
дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз основа на раса, боја на кожа, национално или етничко потекло, како и верско уверување, ќе се казни со затвор од една до пет години.

Поврзани содржини