КАДЕ ШТО ИМА СИЛЕН УНИВЕРЗИТЕТ, ИМА СЛОБОДНО ОПШТЕСТВО Фетаи на годишнината на Универзитетот „Мајка Тереза“
За кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“ е издвоен капитален буџет од 34,5 милиони евра, а зголемен и буџетот за Универзитетот во Тетово, рече вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи.
Заменик-претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, им се обрати на присутните на свечената церемонија организирана од Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, по повод 9-годишнината од почетокот со работа. Церемонијата се одржа во Албанскиот театар во Скопје и беше посетена од студенти, професори, академици, претставници на Владата и пријатели на универзитетот, се вели во соопштението на Кабинетот на заменик на претседателот на Владата.
Фетаи истакна дека Универзитетот „Мајка Тереза“ не е само образовна институција, туку „триумф на една идеја, остварување на историска аспирација и најскапоцено завет што им го оставаме на идните генерации“.
Тој зборуваше за конкретниот ангажман на Владата во поддршката на образованието, споменувајќи дека по долги години чекање се гради гимназијата „Сами Фрашери“ во Куманово и се реши правниот статус на Медресата „Иса Беу“ со гаранција за официјално признавање на дипломите за генерации ученици. Вицепремиерот зборуваше и за зголемувањето на платите во образованието, како и за споделувањето унифицирана азбука на албански јазик во сите училишта.
Тој додаде дека за кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“ е издвоен капитален буџет од 34,5 милиони евра, а зголемен и буџетот за Универзитетот во Тетово. Исто така, рече дека во наредните денови ќе биде потпишан Меморандум за разбирање со неговиот Кабинет за обезбедување практична работа на студентите и за вклучување на академскиот кадар во владините проекти.
– Таму каде што има силен универзитет, има слободно општество, таму каде што има знаење, има иднина – рече Фетаи.