КАДЕ СЕ ТРОШЕНИ НАРОДНИТЕ ПАРИ ЗА КОВИД-ПОДДРШКА НА КОМПАНИИТЕ? Мицкоски најави посебно тело за истрага
Како што денеска изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања, телото ќе се формира на некоја од претстојните владини седници.
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата ќе формира посебно тело кое ќе треба да утврди како се трошела Ковид-поддршката за компаниите.
Како што изјави денеска, одговорајќи на новинарски прашања, телото ќе се формира на некоја од претстојните владини седници.
– Во периодот што следи, на владина седница ќе формираме такво тело кое во детали ќе ги истражи сите овие индиции, односно сето она што го имаме на располагање. И не само таму, и во Фондот познат како ФИТР и сето тоа ќе биде изнесено пред јавноста. Јавноста треба да знае каде се трошени народните пари, истакна Мицкоски по состанокот со претседателството на Стопанската комора на северозападна Македонија.