КАДЕ СЕ ПОСТАВЕНИ БЕЗБЕДНОСНИТЕ КАМЕРИ? Обвинителството се потпира на системот „Безбеден град“ таму каде што го има

Најверојатно, поради тоа што на булеварот Гоце Делчев нема безбедносни камери, јавниот обвинител за вчерашната сообраќајка пред истоимениот мост во која загина 76-годишен маж, побара да се обезбедат снимките од видео надзорот на околните објекти со цел да се утврдат причините за несреќата.

897

Дека има корист од безбедносните сообраќајни камери на улиците во случај на несреќа, докажа и постапката на Јавното обвинителство, кое побара да ги види снимките од системот „Безбеден град“ по завчерашната сообраќајка во Ново Лисиче во која загина еден возач, а неговата 15-годишна ќерка и другиот возач беа повредени.

Од друга страна, пак, најверојатно бидејќи на булеварот Гоце Делчев нема безбедносни камери, јавниот обвинител за вчерашната сообраќајка пред истоимениот мост во која загина 76-годишен маж, побара да се обезбедат снимките од видео надзорот на околните објекти со цел да се утврдат причините за несреќата.






Ова го отвора прашањето кои булевари, мостови и улици во главниот град се покриени со безбедносни камери од системот „Безбеден град“. Кога ќе биде покриен целиот град со безбедносни камери и кога и граѓаните ќе можат да се почувствуваат побезбедно и да се потпрат на тоа дека е поставен систем кој ќе ги казнува несовесните возачи и ќе придонесе за ред во сообраќајот.

Министерството за внатрешни работи и по четири дена сѐ уште не одговори на прашањата на Плусинфо зошто системот „Безбеден град“ не е во функција, иако и претходниот премиер Зоран Заев рече дека тоа е врвен приоритет за шефот на полицијата Оливер Спасовски, кој пак уште лани изјави дека сѐ е подготвено за да стартува овој проект. Но, од тоа за жал, нема ништо.

Снимките од видеонадзорот на местото на несреќата преку системот „Безбеден град“ за сообраќајката што се случи нешто завчера кај ТЦ „Лиса“ во Ново Лисиче покажале, меѓу другото, дека 21-годишниот возач Т.М. од Скопје не се придржувал кон сообраќајните прописи, со автомобилот управувал со брзина поголема од 50 километри на час што е максимално дозволена во населено место. Кога се приближил до крстосницата со сервисна улица која води кон трговскиот центар „Лиса“, тој навлегол во крстосницата на вклучено црвено светло кое означувало забрана за минување во неговиот правец на движење. Со дополнителни истраги ОЈО утврдило и дека младиот возач бил под дејство на алкохол со концентрација од 0,57 промили алкохол во крвта.

За младиот возач, ОЈО денеска побара притвор ценејќи дека има можност тој да се даде во бегство, да се обиде да влијае врз сведоците во постапката или да го повтори делото.

Од друга страна, пак ОЈО сѐ уште не побарало иста мерка, притвор, за жената која вчера со БМВ го усмрти пешакот пред мостот „Гоце Делчев“.

Според првичните сознанија на Обвинителството, до оваа несреќа дошло кога автомобилот со кумановски регистарски ознаки удрил во пешак кој ја преминувал улицата во непосредна близина на мостот. Обвинителот издаде наредба за обдукција, како и за земање примероци од крв и урина за да се утврди евентуално присуство на алкохол или други недозволени средства. Јавниот обвинител нареди да се обезбедат и снимките од видео надзорот на околните објекти со цел да се утврдат причините за несреќата.

Сообраќајни несреќи со жртви и со тешки последици заредија деновиве во Скопје. Дали тоа ќе биде доволен поттик за министерот Спасовски конечно да се појави во јавноста и да одговори: Кога ќе почне да функционира системот „Безбеден град“? За доброто на сите.

Поврзани содржини