КАДЕ СЕ ПАРИТЕ ОД ПРОДАДЕНАТА ГРАДСКА КУЌА? Граѓаните и ВМРО-ДПМНЕ бараат одговор од Шилегов

Од ВМРО-ДПМНЕ велат треба да се знае каде завршилте 12,5 милиони евра, бидејќи нема изградено нов објект за градот, а ги нема ниту ветените големи проекти.

1,110

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека градоначалникот на Град Акопје Петр Шилегов  проневерил 12, 5 милиони евра од продажбата на Градска куќа.

Во соопштението од партијата велат дека Градот Скопје под раководството на Шилегов четири години стагнира, тоне и се уништување.






„Неработникот Шилегов треба да одговара за проневера на 12,5 милиони евра кои ги зеде од продажбата на Градска куќа кои апсолутно никој не знае каде се потрошени. Нема нов објект за градот, а ги нема ниту ветените големи проекти кои им ги ветуваше на скопјани. Нема проекти, ама нема ни 12,5 милиони евра. Шилегов е должен на скопјани да им објасни каде се потрошени парите од Градската куќа, дали се потрошени и на што се потрошени. Дали завршиле во лични џебови и кој се профитирал од нив?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата му замеруваат и за тоа што како прв човек на градот, во периодот на пожарите, тој беше на одмор.

„Освен што е способен да потроши на ништо 12,5 милиони евра граѓански пари, Шилегов е способен да ги остави скопјани на цедило во состојба кога во Скопје беснееја пожари. Во меѓувреме нема почист воздух, нема тунел под кале, Илинденска не е продолжена, нема жичарница, нема подземна железница, нема трамвај, нема враќање на сјајот на СРЦ Треска, нема Луна парк, но затоа има скапи клупи од тропско дрво, скап Дино парк среде економска криза и потрошени 12,5 милиони евра кој никој не знае каде.Шилегов наместо да гради, тој краде, а градот тоне. Токму затоа му порачуваме на неспособниот неработник Петре Шилегов да ги пакува куферите затоа што заврши неговата политичка кариера и да се спреми да одговара за проневерата за Градската куќа и сите други криминали изминатите четири години“ се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини