Наставникот по историја влегува во училницата.
Сите ученици се на своите места, освен еден.
– Ти! Ти, што чепкаш нешто таму позади. Кажи ми што знаеш за Француската револуција?
– Искрено, не знам ништо.
– Која година почнала Првата светска војна?
– Во 1934 година?
– Каде пукнала првата пушка?
– Во Росоман.
– Седнувај, единица! Како се викаш?
– Јован Станковски.
– Па, те нема во дневникот.
– Па, нормално дека ме нема, јас сум мајсторот за радијаторите.