КАДЕ ПРОКИСНАА МИЛИОН ЕВРА ОД БИТОЛСКИОТ ЗАТВОР? По само 2 ипол години затворот се распаѓа, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Мавровски ги повика релевантните институции да реагираат по допрен глас и да проверат како се потрошени милион евра, а само по две и пол години затворот повторно да се распаѓа.

1,609

Каде и како завршиле парите наменети за реконструкција и реновирање на битолскиот затвор, дали завршиле во приватни џебови, па квалитетот на изведбата паднал во последен план, праша денеска Васко Мавровски, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола.

– Само пред две и пол години директорот на затворот Драган Крајовски се сликаше и покажуваше дека затворот е реновиран, а сега буквално таваните се уриваат од влага, ѕидовите се ронат, а пречистителната станица не е во функција. Сѐ во затворот се распаѓа. Сѐ се распаѓа. Потрошени се милион евра, од кои 750 000 евра се директни европски пари, а остатокот, наши – пари на граѓаните – рече Мавровски денеска на прес-конференција.






Тој потсети дека шефот на одделението за економски работи при делегацијата на Европската Унија, кој што бил на отворањето на реновираниот објект, сигурно би останал во чудо што и покрај вложените пари, условите во битолскиот затвор не се подобрени.

Веројатно неговата изјава „Многу е важно овој објект да се одржува за да остане таков каков што е, останала неразбрана – додаде Мавровски.

Тој ги повика релевантните институции да реагираат по допрен глас и да проверат како се потрошени милион евра, а само по две и пол години затворот повторно да се распаѓа.

Поврзани содржини