Каде ни се вапцаните јајца?!?!
Ова прашање си го поставиле утрово жителите на една куќа во скопско Тафталиџе1. Од картонската табла со вапцани јајца кои ги оставиле преку ноќ на својот балкон на горниот кат од двоспратната куќа, мистериозно исчезнале дури 12 јајца
„Гавраните си се послужија со нашите јајца за Велигден, наздравје нека им е“, напишал на својот фејсбук профил скопјанецот Стефан Русевски, над фотографијата од речиси празната картонска табла со бојадисани велигденски јајца.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.