КАДЕ НА ДРУГО МЕСТО ДАВАТЕ НЕТОЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА МЕНЕ? Анѓушев ја демантира Ивановска дека е сопственик на „Еуроникел“ (Фени)
Антикорупционерката Ивановска на емисија на ТВ Телма изјави дека Кочо Анѓушев е сопственик на „Еуроникел“ но и покрај тоа што беше поправена, не се извини за грешката.
Кочо Анѓушев ги демантира и ги отфрла тврдењaта на Билјана Ивановска, претседател на Антикорупциската комисија, дека е сопственик на фирмата ЕУРОНИКЕЛ, (фирма која е сегашен сопственик на поранешно ФЕНИ).
Ова тврдење е изречено јавно од претседателот на најзначајното тело за борба против корупција во државата во емисијата Топ Тема( 25 минута) на ТВ Телма емитувана на 6 декември.
– Не сум сопственик, ниту сум имал ниту имам некаква сопственичка врска со „Фени“ и „Еуроникел“ и антикорупциска комисија си има документи од кои се гледа кој е сопственик. Тие документи се наоѓаат во Централен Регистар и секој граѓанин може да ги види. Не можам да разберам зошто Ивановска го зборува ова? – прашува Анѓушев.
И во телефонски разговор со претставник од „Фероинвест“ кој и предочи дека податокот не е точен, Билјана Ивановска продолжи да застапува став дека Анѓушев е сопственик, потоа дека нејзината изјава не е од значајна важност, па се до ставот дека не мислела на начин како што ја изнела изјавата.
Сметаме дека е важно да се знае каде на други места Билјана Ивановска дала ваква погрешна информација и тврдења за Кочо Анѓушев, пред кои институции, пријателски држави и други инстанци.