КАДЕ МУ БЕШЕ НА ПЕНДАРОВСКИ „НЕМА ПРАВДА НЕМА МИР“? Цел мандат молчеше на криминалот на СДСМ и на ДУИ, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Стево Пендаровски како претседател потпиша низа штетни закони за државата и носи вина за тоа што довербата во судството е само 2%, тврди ВМРО-ДПМНЕ.

1,994

Стево Пендаровски во 2019 година се колнеше во слоганот „Нема правда, нема мир“, тврдеше дека живее со него, а во целиот мандат од 5 години го одмолчи епскиот криминал на СДСМ и на ДУИ и потпишуваше криминални закони, обвини ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

На Пендаровски како Претседател му се случи скандалот со над 200 пасоши на белосветски криминалци, државјанството на Онишченко, а тој не ја осуди власта, ниту побара одговорност, напротив сега е претседателски кандидат на СДСМ.






Пендаровски е одлика на криминалот на СДСМ, исто како и Ковачевски. Стево Пендаровски како претседател потпиша низа штетни закони за државата. И Пендаровски носи вина за 2% доверба во судството.

Македонија со СДСМ и со Стево Пендаровски губеше. Во право е народот кога вели дека немаме држава, време е да ја вратиме“ – се вели во партиското соопштение.

 

Поврзани содржини