📽 КАДЕ МИ Е ДРЕСОТ?! Јокиќ остана во чудо кога сфати дека му ја заборавиле опремата

Центарот на Денвер Нагетс мораше да почека додека економот на српската репрезентација трчаше во соблекувалната да му го донесе заборавениот дрес пред почетокот на пријателскиот натпревар со Австралија.

1,203

Ова го нема во НБА, ама го има во Србија. Пред пријателскиот кошаркарски натпревар меѓу репрезентациите на Србија и Австралија (73-84) се случи навистина урнебесна ситуација која го остави Никола Јокиќ без дрес.

Економот на српската репрезентација го заборави дресот на Јокиќ и во моментот кога требаше да почне натпреварот, центарот на Денвер Нагетс остана во чудо. Јокиќ мораше да почека додека економот трчаше во соблекувалната да му го донесе заборавениот дрес.






Во моментот кога сфатил што се случило, Јокиќ останал зачуден, а изразот на лицето покажал колку е збунет од сето ова.

Се беше решено брзо, Јокиќ го доби дресот и со насмевка истрча на теренот, но неговата збунета реакција стана вирална.

@inabudhabi Do not forget Nikola Jokic’s shirt 💀 #basketball #nba #jokic ♬ original sound – Visit Abu Dhabi

Контролниот натпревар против Австралија, Јокиќ го заврши со 14 поени и исто толку скокови.

Репрезентацијата на Србија во склоп на подготовките пред настапот на ОИ во Париз, ќе ги одмери силите со реопрезентацијата на САД.

Поврзани содржини