🎥 КАДЕ ЛИ ЌЕ ОДИ ОВОЈ НАРОД СО СИТЕ ТИЕ ПАСОШИ? ОВА ДЕФИНИТИВНО Е МОМЕНТ НА ОЧАЈ! Сашо Гигов-Гиш се распеа во поткастот на Плусинфо
Ние сме криви за ова што сме, бидејќи не се почитуваме доволно. Секој гледа како да му наштети на другиот. Не бевме таков народ. Кој нè направи вакви, навистина не знам, вели Сашо Гигов-Гиш во поткастот на Плусинфо.
„Не постојат партиски уметници, туку постои само политика и постојат само уметници. Кајшто има политика, таму нема етика. А кајшто нема етика, таму има етикета. Етикетата е за продавање. А јас не сум на продавање“.
Ова, меѓу другото, го изјави уметникот Сашо Гигов-Гиш во поткастот „Бог и рокенрол“ на Плусинфо што го води Мартин Богатиноски, откако беше запрашан дали можеби му е криво за некои свои одлуки кои вклучуваат и настапи на митинзи што ги организирале политички партии.
Најголемата вина за тоа што земјава е ваква каква што е, тој првично ја гледа во политичарите, но вина гледа и во самиот народ, бидејќи, како што вели, недоволно се почитува меѓу себе.
– Ние сме криви за ова што сме, бидејќи не се почитуваме доволно. Секој гледа како да му наштети на другиот. Не бевме таков народ. Кој нè направи вакви, навистина не знам. Сите сакаат европски пасош да извадат. А кај ќе оди сиот тој народ со тие пасоши? Кај и да отиде, што ќе види? Срам ми е ова што го зборувам, бидејќи и јас сум дел од тој народ, ама и јас заглупавев. Ова дефинитивно е момент на очај – вели Гиш.
Разговаравме и за неговиот обид за учество на Евровизија во 1998 година со песната „Самовилска свадба“. Разговаравме и за македонската рок музичка сцена. И за поезијата. Малку и за источната култура, за хипи-движењето, за Богомилите, за дервишите…
Во неколку наврати Гиш и се распеа во студиото на Плусинфо и уште еднаш потврди дека не бадијала е еден од најдобрите машки вокали во земјава.
Во продолжение, погледнете го целото видео, и секако, стиснете subscribe на нашиот ЈуТјб канал: