КАДЕ ИСЧЕЗНА СОПРУГАТА НА ДИРЕКТОРОТ ПРЕЉУБНИК ОД КОНЦЕРТОТ НА „КОЛДПЛЕЈ“? Еве каде побегнала Меган Бајрон
Меган Кериган Бајрон, сопруга на сега веќе поранешниот извршен директор на „Астрономер“, Енди Бајрон, го напушти нивниот дом од 2,4 милиони долари во Нортборо, Масачусетс, и се пресели во луксузен имот во Кенебанк, Мејн, оддалечен околу 170 километри.
Меган Кериган Бајрон, сопруга на сега веќе поранешниот извршен директор на „Астрономер“, Енди Бајрон, го напушти нивниот дом од 2,4 милиони долари во Нортборо, Масачусетс, и се пресели во луксузен имот во Кенебанк, Мејн, оддалечен околу 170 километри.
Заминувањето доаѓа само неколку дена откако беше снимено видео на концертот на „Колдплеј“, на кое нејзиниот сопруг и раководителката на човечки ресурси во истата компанија, Кристин Кабот, беа снимени во интимна прегратка на големиот екран над сцената.
Според пишувањето на „Дејли мејл“, Меган „побегнала“ од семејниот дом и во моменто се обидува да „се држи подалеку од очите на јавноста“ додека престојува во Кенебанк. Во овие тешки моменти покрај неа се неколку блиски членови на семејството, вклучувајќи ја и нејзината постара сестра Маура, кои ѝ пружаат поддршка.
Меган и Енди Бајрон имаат два сина заедно.
Додека видеото сè уште циркулира на социјалните медиуми – со повеќе од 125 милиони прегледи – Меган сè уште јавно не коментирала за ситуацијата ниту дала официјална изјава. Сепак, некои потези на социјалните мрежи укажуваат на нејзината реакција. Прво, таа го отстрани презимето „Бајрон“ од својот фејсбук-профил, а потоа целосно го деактивираше профилот. Претходниот профил содржеше бројни фотографии од приватниот живот, вклучувајќи фотографии од семејни излети и прослави како што е дипломирањето на еден од нивните синови.
Во исто време, компанијата „Астрономер“ спроведе внатрешна истрага, по што Енди Бајрон поднесе оставка, а менаџментот го прифати неговото заминување. Коосновачот на компанијата Пит ДеЏој беше назначен за привремен извршен директор.