Каде и колку пари биле потрошени од платежните картички ќе биде познато неделава

Инаку, вчера беше последниот ден за граѓаните да ги потрошат парите кои ги имаат на домашната платежна картичка. Средствата кои ќе останат на картичката ќе се врати повторно во државната каса.

290

Во текот на следните неколку дена, Министерството за финансии ќе ги објават финалните статистики за тоа колку од граѓаните ги искористиле парите од домашната платежна картичка.

„Очекуваме од банките да ни ги достават финалните статистики за домашната платежна картичка во тек на следната недела, како што и известуваа во текот на целиот процес, односно на неделна база. Откако ќе ги достават податоците за истите ќе ја информираме јавноста, како и во изминатиот период“, велат од Финансии за „Алсат“.






Инаку, вчера беше последниот ден за граѓаните да ги потрошат парите кои ги имаат на домашната платежна картичка. Средствата кои ќе останат на картичката ќе се врати повторно во државната каса.

Според последната инфомација од банките, заклучно со претходната недела, може да се види дека сите отпечатени картички не стигнале до граѓаните на кои им следуваа. Па, така од вкупно отпечатени 333.674 картички, заклучно со 7-ми овој месец, 23.576 граѓани не ја подигнале платежната картичка.

Според Министерството, неподигнувањето на картичките од страна на граѓаните е од различни причини. Некои се во странство, а некои едноставно одлучиле да не ги подигаат. Платежната картичка беше дел од третиот сет економски мерки за борба против пандемијата, но наиде на рекации во јавноста и кај економските експерти како темпирана мерка во време кога во земјава се одржуваа изборите.

Поврзани содржини