Каде ќе заврши Зоран Китанов во Телеком, како претседател на Одбор на директори или како главен извршен директор?

Во предлог одлуката за Собранието на акционери на Македонски Телеком закажано за 15 декември, Китанов е предложен како неизвршен член.

3,317

Македонски Телеком закажа собрание на акционери за 15 декември кога треба да ги назначи новите членови на Одборот на директори предложени од Владата. Информацијата Македонски Телеком ја сподели на Македонска берза.

Собранието треба да ги избере: Зоран Китанов за неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото, како и Нина Ангеловска, Бардул Насуфи и Садула Дураки исто така за неизвршни членови. Шкодране Дарлишта и Аќиф Медиу за неизвршни независни членови на Одборот на директори на Друштвото






Мандатот на избраните членови на Одборот на директори на Друштвото е 4 години и ќе почне од 15.12.2020 гоина.

Собранието ќе треба да ги отповика сегашните членовите на Одборот  на директори кои беа предложени од Владата и тоа: досегашниот претседател на Одборот на директори Назим Буши кој беше неизвршен член, исто како и Сашо Велески, Мирослав Вујиќ и Сашо Симјановски, но и Замир Мехмед и Дивна Јовковска – Ефтимоска кои беа независни неизвршни члнови на Одборот на директори на Друштвото.

Нивниот мандат престанува со донесувањето на Одлуката  за извор на нови членови односно на 15 декември.

Според она што првично го соопшти Владата, Зоран Китанов беше предложен од Владата како извршен член на Одборот на директори, но во предлог одлуката за Собранието на акционери на Македонски Телеком Китанов е предложен како неизвршен член.

Според Статутот на Друштвото, пак, извршниот член на Одборот на директори е и Главен извршен директор. Оттука се поставува прашањето дали Владата го промени мислењето околу изборот на извршен член во Телекомот или во првичната одлука Владата направи грешка при читањето на Статутот на Друштвото  и побрза да предлоши извршен член на Одборот на директори. Најверојатно јавноста ќе дознае при изборот на претседател и главен извршен директор на Телекомот кои ги бира Одборот на директори од неизвршните членови, бидејќи од Владата иако ветија дека ќе одговорат на прашањето, сепак не одговорија.

Затоа, пак, од Македонски телеком за Плусинфо изјавија дека Владата им доставила предлог со кој Китанов се избира за неизвршен член, а дека извршниот член на Одборот на директори се бира од неизвршните членови на предлог на Друштвото.

– Владата на РСМ официјално достави Предлог за отповикување и избор на нови членови на Одборот на директори  на Македонски Телеком со кој предложи Зоран Китанов да биде избран за неизвршен член на Одборот на директори. Овој Предлог донесен на седница на Владата на РСМ и Предлог- одлуката за отповикување и избор на нови членови на Одборот на директори се објавени на страницата на Македонска берза од страна на Македонски Телеком – велат од Македонски Телеком.

Оттаму додаваат и дека:

– Неизвршните членови на Одборот на директори ги избира Собранието на Друштвото. На предлог на Каменимост Комуникации АД Скопје како мнозински акционер на Македонски Телеком, Одборот на директори го избира извршниот член од редот на неизвршните членови, кој ја има функцијата Главен извршен директор на Друштвото.

Од Телеком рекоа и дека засега немааат информација дали се планира замена за сегашниот Главен извршен директор на Друштвото Никола Љушев.

Според Статутот на Телекомот, Оборот на директори управува со Друштвото и се состои од 14 членови, од кои 13 се неизвршни членови, 1 е извршен член  и 4 од неизвршните членови се независни членови на Одборот на директори. Владата предлага 6 членови на Одборот на директори.

Акруелниот Одбор на директори на Македонски Телеком кој ќе добие нови членови на 15 декември го сочинуваат:

  1. Назим Буши – неизвршен член и Претседател
  2. Сашо Велески- неизвршен член и Заменик Претседател
  3. Никола Љушев  – извршен член и ГИД
  4. Андреас Маиерхофер – неизвршен член
  5. Карој Швејнингер – неизвршен член
  6. Лубор Жатко – неизвршен член
  7. Борче Сиљаноски – неизвршен член
  8. Владимир Ивановски – неизвршен член
  9. Мирослав Вујиќ – неизвршен член
  10. Сашо Симјановски – неизвршен член
  11. Петер Фаил – независен член
  12. Мартин Ренер – независен член
  13. Замир Мехмед – независен член
  14. Дивна Јовковска – Ефтимоска – независен член.
Поврзани содржини