КАДЕ Е ТЕСЛАТА ШТО БЕШЕ ПУШТЕНА ВО ВСЕЛЕНАТА? Кожите веројатно се искинати, а музиката на Боуви веќе долго не свири
Црвената Тесла која милијардерот Илон Маск пред пет години ја лансираше во вселената ќе се приближи до Марс во 2035 година, а до Земјата во 2047 и 2050 година. Автомобилот кружи во орбита меѓу двете планети, а научниците претпоставуваат дека од него е останата само алуминиумската рамка. Можеби по милиони години предметот ќе падне на земјата, теоретизираат други. Ентузијасти на сајтот whereisroadster.com направиле анимација за неговата патека.
Колку пати куклата астронаут, наречена Стармен или Ѕвездочовек ги преслушала песните од Дејвид Боуви кои беа пуштени на радиото во автомобилот при полетувањето? Па, ако радиото уште работи тогаш „Вселенска Одисеја“ била пуштена 496.818 пати, а „Има ли живот на Марс“ 669.441 пати.
Колата поминала пат 63,2 пати повеќе од вкупната должина на сите патишта на Земјата заедно. Тоа е 70.000 пати повеќе од нејзината гаранција. Оддалечена ни е 326,6 милиони километри. Околу Сонцето искружила 3 пати, односно 3,2829 пати.
Дали свири музиката? Веројатно не. Претпоставките се дека сите кожи, гуми па дури и бојата на возилот се распаднале поради тоа што се изложени на зрачење во вселената.