КАДЕ Е СНИМКАТА ОД КАМЕРИТЕ ВО ЧАИР? Стоилковски го повика министерот Спасовски да не молчи веќе за „каубојската пресметка“ меѓу полицајците

Дали полицајците во своите службени белешки прикриваат дека Ариф Асани влијаел тие да го ослободат лицето, па е наведено дека „поголема група на граѓани ги попречила да го приведат лицето“? - прашува Стоилковски.

260

Дали Ариф Асани, функционер на ДУИ и втор човек во Бирото за јавна безбедност, е снимен од камерите на системот „сејфсити“, од безбедносните камери, вечерта на местото на пукањето во Чаир, праша денеска Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, кој веќе неколку дена бара одговори од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Дали заменик директорот на Бирото за јавна безбедност е снимен од камерите како трча кон полициските службеници, а тие по разговор со него го пуштаат лицето да замине? Дали постои снимка од системот „сејфсити“ на којашто се гледаат полицајците и Ариф Асани, а на снимката нема други лица? Дали полицајците во своите службени белешки прикриваат дека Ариф Асани влијаел тие да го ослободат лицето, па е наведено дека „поголема група на граѓани ги попречила да го приведат лицето“? – прашува Стоилковски.






Тој додава дека МВР не смее да биде испостава на СДСМ и да служи за самоволие на ДУИ.
– Оливер Спасовски, доста се криеш, ова е огромен скандал. Македонија не смее да биде мафијашки рај за ти да бидеш министер! Премногу е! – рече Стоилковски.

Поврзани содржини