Каде ќе се чуваат вакцините за ковид-19?

Министерството за здравство операторите ќе ги снабди со фрижидери до - 70 степени целзиусови кои во земјава ќе пристигнат кон средината на јануари.

1,035

Дистрибутери кои веќе се вклучени во постојаниот систем на вакцинација, во делот што се однесува на складирање и дистрибуција на други вакцини ќе ги чуваат и вакцините за ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство.

Оттаму информираат дека министерот Венко Филипче денеска ги посетил овие дистрибутери и нивните ладни соби, и фрижидерите во кои веќе се чуваат вакцини од имунолошкиот календар на Министерството за здравство.






Тој се информирал и за тоа како на кој начин ќе се чува и дистрибуира вакцината за ковид-19, кога ќе пристигне во нашата земја.

Операторите во своите постоечки капацитети имаат комори и ладни соби од 0 до 8 степени целзиусови, како и фрижидери до -20 степени целзиусови, како и возила со ладилници како би го запазиле „ладниот синџир“ при дистрбуција на вакцините.

Дополнително Министерството за здравство операторите ќе ги снабди со фрижидери до – 70 степени целзиусови кои во земјава ќе пристигнат кон средината на јануари.

Поврзани содржини