КАДЕ Е РАШТАК, НА КРАЈ ОД СВЕТОТ ЛИ Е? Да, таму е, каде што имате најубава природа, поглед на градот и козјо сирење во луди комбинации

Иако веќе нема кој не слушнал за скопјаните во Раштак кои чуваат кози и прават вкусно и здраво козјо сирење, таму секогаш има нешто ново што дополнително ќе ви го разубави денот. На пример, што велите за младо козјо сирење, мед, тартуф, шафран и ладна Станушина?

361

Минатиов викенд, токму на Ѓурѓовден, а воочи денот на Станушината (7 мај), со гостинките од Лондон, Спасиа Динковски и фотографката Кејтлин Каприо тргнавме кон село Раштак кое веќе стана асоцијација за фармата на семејството Неделковски, позната како „Кози, млеко, планина“.

Е сега, бидејќи ниту една од нас не вози, мораше да викнеме такси, а таксистот – како да паднал од Марс.






„Раштак?! Ајдеее, кај е ова бе, на крај од светот ли е?!“- негодуваше тој низ полуспуштената маска, остаток од периодот на пандемијата со корона кога сите се шетавме со исти такви, а сега, за среќа, ги носат само ретки „ѕверки“ од непознати причини. Мислам, онака лабаво, далеку под носот, делумно преку устата, колку да им го отежне дишењето преку уста.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини