КАДЕ Е ПРЕМИЕРОТ ДА СЕ ПОЈАВИ НА ОТВОРЕНА СЦЕНА? На Мицкоски му пречи тоа што Ковачевски ја одбил понудата преку Фејсбук

Очекував малку повеќе аналитичност и очекував да се охрабри Ковачевски, па да излезе пред медиумите, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

750

Ако веќе одлучил премиерот Димитар Ковачевски да ја одбие подадената рака од мене, тогаш тоа требаше да го направи на отворена сцена, а не да се крие зад Фејсбук статуси или да испраќа непознати ликови тоа да го прават, рече денеска лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој рече дека искрено жали поради тоа што СДСМ и премиерот немаат мудрост и државотворен капацитет.






– Жалам што постапуваат вака неодоговорно во моменти кога на народот му е потребно обединување. Она што го гледаме и од Ковачевски, но и од останатите во Владата е сѐ само не она што му е потребно на народот. Очекував малку повеќе аналитичност и очекував да се охрабри Ковачевски, па да излезе пред медиумите. Ако веќе одлучил да ја одбие подадената рака од мене, од ВМРО-ДПМНЕ, тоа да го направи на отворена сцена, а не да се крие позади Фејсбук статуси или да испраќа непознати ликови тоа да го прават – истакна Мицкоски.

Поврзани содржини