Каде да ви се попишат атеистите?

Ако во пописните листи има графа за верска припадност, како што бара владиката и како што веќе ја аминуваше министерот за правда, тогаш се поставува прашањето каде ќе се попишат атеистите?

4,689

Или ќе има графа за верска припадност во пописните листи, или попис нема да има. Ваков ултиматум вчера постави митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар, отворено заканувајќи се дека ќе ги повика православните верници да го бојкотираат пописот во април ако не се остави простор за наведување на верската припадност на попишаните.

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, пак, во истата секунда преку Твитер соопшти дека графа за верска припадност ќе има. Но, тоа не беше сѐ од твитот. Тој во продолжение на писанието, помалку и дрско, ако не и очајно, побара услуга токму од владиката: „Ајде сега повикајте ги верниците да го поддржат пописот“. Каков очај!






Но, да прејдеме на главното. Ако во пописните листи има графа за верска припадност, како што бара владиката и како што веќе ја аминуваше министерот за правда, тогаш се поставува прашањето каде ќе се попишат атеистите? А има и такви во ова „едно општество за сите”, зарем не? Што ќе напишат тие во графата за верска припадност? И што ако сега атеистите се заканат со бојкот на пописот и побараат графа за верска неприпадност? Оти, реално, имаат право да бараат. И треба да бараат бе, ако ништо друго – за да ги „шибаат” очајниве.

Втора работа, верската припадност е менлива категорија. Вчера сум бил христијанин, денеска сум муслиман, утре е пописот, а задутре сум будист. Блудно звучи, но тоа право го има секој.

Башка, што имам јас да ѝ полагам сметка на државата за тоа на кој бог му се молам. Или во случајов, што има атеистот да ѝ полага сметка на државата за тоа на кој бог не му се моли.

Поврзани содржини