КАДЕ ЧЕКОРЕШЕ ВУЧИЌ НА ПАРАДАТА ВО КИНА, А КАДЕ ВО МОСКВА? „Го замолив Путин за пониски цени на гасот“

Вучиќ беше срдечно пречекан од кинескиот претседател ден пред парадата, а меѓу другото обзнани дека денеска, 3 септември, го очекуваат средби со најмалку 14 кинески компании заинтересирани за соработка.

1,580

Неколку српски медиуми кои силно го критикуваат присуството на српскиот претседател Александар Вучиќ на самитот во Пекинг во Кина споредуваат некои фотки од приемот кој го имаше во Кремљ на 9 мај кај рускиот претседател Владимир Путин за парадата во Москва.

На една од фотките објавени на социјалните мрежи се гледа како Вучиќ во Пекинг чекори меѓу последните на црвениот тепих заедно со дваесетина светски лидери.






Вучиќ на 2 септевмри беше срдечно пречекан во Пекинг од кинескиот претседател ден, а меѓу другото обзнани дека денеска, 3 септември, по парадата, го очекуваат средби со најмалку 14 кинески компании заинтересирани за соработка со Србија.

 


По тет-а-тет средбата која Вучиќ ја имаше, пак, со рускиот претседател Владимир Путин, српскиот лидер на социјалната мрежа Икс обзнани дека го замолил рускиот колега за пониски цени на гасот, флексибилност и поголема количина од овој енергенс, истакнувајќи дека енергетските прашања се од особено значење за Србија.

– Русија цврсто стои на своите позиции за признавање на територијалниот суверениет на Србија, и не само тоа, туку јасно говори за рушењето на Бриселскиот и сите други договори, (поврзани со Косово), кои ги потпишувавме со другата страна и со гаранции од трети страни – вели Вучиќ и откри дека ги добил и ставовите на Путин за ситуацијата во Република Српска.

 

Поврзани содржини