КАЦАРСКА ДА НЕ ДАВА ПОЛИТИЧКИ ИЗЈАВИ ВО КОРИСТ НА СДСМ! Ако не може да се воздржи, нека си даде оставка и нека стане пратеничка, порачува ВМРО-ДПМНЕ

Во Македонија постои законска пречка Добрила Кацарска јавно да го поддржува СДСМ, но не постојат законски пречки таа да си поднесе оставка и да и прави друштво на Вилма Рускоска – вели ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

707

Ако Кацарска не може да се воздржи од политички изјави во корист на СДСМ, да си даде оставка и да стане пратеник од таа партија, а не претседател на Уставен суд – реагира  ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на претседателката на Уставниот суд за бугарската ТВ Нова во кое таа вели дека нема законски пречки Бугарите како малцинство да бидат внесени во Уставот.

Во Македонија постои законска пречка Добрила Кацарска јавно да го поддржува СДСМ, но не постојат законски пречки таа да си поднесе оставка и да и прави друштво на Вилма Рускоска бидејќи сличностите и соработката им се преголеми. И двете слугувале како извршители на политичката агенда на власта на СДСМ и ДУИ и двете беа наградени за судско-обвинителскиот терор кој што го извршија врз неправедно обвинетите за 27. април.






Ако не може да се воздржи од политички изјави во корист на СДСМ, Кацарска може да даде оставка и да стане кандидат за пратеник на СДСМ на изборите догодина, а по поразот може и да претендира на позицијата лидер на СДСМ. Имајќи предвид дека е единствениот претседател на Уставен суд во светот кој претходно бил казнет од Уставниот суд, Македонија може само да добие со нејзиното заминување од функцијата која не ја заслужува, туку и е награда за спроведување на наредбите од СДСМ“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Кацарска во интервју за бугарска ТВ Нова рече дека не постои никаква правна пречка за внесување на Бугарите во Уставот бидејќи, како што рече, не постои закон што би им забранил нешто на граѓаните кои се чувствуваат како Бугари, а би го овозможил на граѓаните кои се дел од албанскиот, турскиот, српскиот и другите народи во земјава.

Таа посочи дека земјава е мултиетничко општество и дека, според Уставот, немнозинските заедници ги уживаат истите права што ги ужива и македонскиот народ.

Кацарска потсети дека земјава ја има потпишано Рамковната конвенција за националните малцинства на Советот на Европа и дека дека ги признава правата на сите граѓани.

– Освен тоа, во Македонија има високи европски стандарди токму во поглед на немнозинските заедници, тоа го говорат всушност и сите извештаи на релевантни институции, тука се мониторинг-извештаите, годишните извештаи за напредокот на Република Северна Македонија, извештаите што се на многу невладини организации коишто работат токму за човековите права – изјави Кацарска.

На прашање дали им дала до знаење на македонските политичари оти нема законска пречка за внесувањето на Бугарите во Уставот, таа вели дека како претседателка на Уставниот суд, освен службена, таа нема никаква друга комуникација со политичарите.

– Јас одговарам пред сè како правник, потоа како судија на Уставниот суд и затоа велам дека нема законска пречка. Зошто не се внесуваат Бугарите тоа е, сепак, тема којашто треба да им се постави на нашите политичари, на политичките елити во Северна Македонија. Јас можам да зборувам како граѓанин и можам да зборувам како судија, од аспект кога дискутираме за самите закони, сè друго е тема на политичарите – вели претседателката ан Уставниот суд.

 

 

Поврзани содржини