КАЦАРСКА ЈА СТАВИ СВОЈАТА ПЛАТА ПРЕД ПЕНЗИИТЕ Судијка по насока на СДСМ бара да им се одземе зголемувањето
ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува Уставната судијка Добрила Кацарска дека бара намалување на пензиите, додека ја зголемува својата плата, со што се создава конфликт со интересите на пензионерите.
Под насоките на СДСМ, поединци во судството, вклучително и Уставната судијка Добрила Кацарска, која стана судија преку ноќ со поддршка од владејачката партија, бараат укинување на линеарното зголемување на пензиите од 7.000 денари, додека истовремено ја зголемуваат својата плата на околу 100.000 денари, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
– Додека поединци судии и обвинители кои немаат ниту кредибилитет ниту легитимитет, блиски до структурите на СДСМ, јавно бараат енормни зголемувања на платите, Кацарска по насока на СДСМ бара намалување на зголемувањето на пензиите – истакна Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Манасиевски додава дека СДСМ кои ја крахираа економијата и го контаминираа судството со свои кадри, сега на безобразен и срамен начин, преку Добрила Кацарска, се обидуваат да им ги одземат парите на пензионерите.
Во своето обраќање Манасиевски ги спореди платите и довербата во судството во регионот и Европа.
– Правосудните органи со далеку поголема доверба имаат плати слични на нашите, а кај нас судиите и обвинители со 2% доверба бараат двојно зголемување до над 6.000 евра, а притоа се бара кратење на пензиите на пензионерите. Чест на исклучоци, но поголемиот дел од овие контаминирани и корумпирани кадри блиски до СДСМ немаат ниту срам, ниту образ – вели тој.
– Почитувани граѓани, почитувани пензионери, сè додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт, економијата ќе расте, а со тоа и пензиите и платите. ВМРО-ДПМНЕ се грижи за граѓаните и го подига животниот стандард – заклучува Манасиевски.
Тој побара од СДСМ јавно да се огради од барањата на Кацарска за поништување на зголемувањето на пензиите, кои таа ги поднела до Уставниот суд.