КАБИНЕТОТ НА ЗАЕВ ТВРДИ ДЕКА ТОЈ ОСТАНУВА НА СТАВОТ Оставката нема да се одолговлекува до декември

1,505

Не е точно дека планот на премиерот е да ја одолговлекува оставката до декември. Оставката е јасен чин на преземање одговорност, велат од кабинетот на премиерот Зоран Заев по разните, како што нагласуваат, неточни брифинзи дека планот на премиерот бил да ја одолговлекува оставката.

Од таму посочуваат дека во тек се консултации низ кои, органите на партијата, како и коалициските партнери, со целосна поддршка од премиерот Заев, работат на решенија и одлуки со кои парламентарното мнозинство се одржува стабилно, а со цел обезбедување Влада која го одржува реформскиот и прогресивен курс на земјата.






Зоран Заев во неделата вечерта по вториот круг од локалните избори, изјави дека поднесува оставка на премиерската функција и од лидерската позиција во СДСМ поради лошите изборни резултати, но истакна дека владината коалиција и парламентарното мнозство се стабилни и продолжуваат да функционираат.

Поврзани содржини