КАБИНЕТОТ НА СИЉАНОВСКА ДАВКОВА ЈА НАЈАВИ СРЕДБАТА СО РАДЕВ ВО СОФИЈА „Набуко“ на Верди сепак ќе ги спои двајцата претседатели
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова утре (петок, 13 септември) ќе престојува во посета на Република Бугарија. Во рамки на посетата, таа ќе се сретне со претседателот на Бугарија, Румен Радев.
Претседателката Сиљановска Давкова ќе присуствува на настапот на Македонската национална опера и балет во Софиската опера, каде што ќе биде изведена операта „Набуко“ од Џузепе Верди.
Посетата е дел од зајакнување на културната дипломатија меѓу двете земји, при што се истакнува значењето на културната размена како мост во меѓународните односи, се вели во соопштението на кабинетиот на Силјановска Давкова.