Кабинетот на Пендаровски за северномакедонска: Напишаниот текст е на словачки јазик

1,995

Во врска со реферирањето на претседателот Стево Пендаровски при средбата со претседателката на Словачката Република, Сузана Чапутова во Братислава, од Кабинетот на претседателот појаснуваат дека „напишаниот текст е на словачки јазик и согласно граматичките правила на словачкиот јазик. Впрочем, тие самите својата држава на својот словачки јазик ја нарекуваат „Словенска република”, значи со придавка“.

Твоја партија, како што објавивме претходно, на својот профил на социјалните мрежи попладнево побара објаснување од претседателот како можел да се потпише на таков документ.






– Пред одржувањето на средбата од страна на протоколот на претседателот Пендаровски е дадена забелешка во однос на начинот на кој е напишано името на Република Северна Македонија, при што од домаќините е добиено образложението за називот на словачки јазик. Сметаме дека не постои никаков превид ниту каква било намера од страна на словачките домаќини – информираат од Кабинетот на Пендаровски.

Поврзани содржини