КАЈ ЖИТЕЛ ВО ОПШТИНА ЧАШКА НАЈДЕНИ 60 БАНКНОТИ ПО 2.000 ДЕНАРИ Осомничен е за изборен поткуп
Кај жител на село во општина Чашка најдени биле 60 банкноти од по 2.000 денари поради што тој се сомничи за поткуп при избори, соопшти полицијата.
Вчера (18.10.2025) во 08 часот, по претходно добиени оперативни сознанија, а врз основа на добиена судска наредба од Основен суд Велес, полициски службеници од СВР Велес извршиле претрес во домот на Г.П.(59) од село Согле, општина Чашка.
Имало основи на сомнение за сторено кривично дело „поткуп при избори“ по член 162 од Кривичниот законик. При претресот се пронајдени и одземени 60 банкноти од по 2.000 денари и еден мобилен телефон. Известен бил јавен обвинител од ОЈО Велес, а со Г.П. бил извршен службен разговор и по целосно документирање и расчистување на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.