Кај затвореник кој бил на отсуство најдена дрога

467

Во Гази Баба денеска полицијата притворила затвореник кој бил на отсуство, бидејќи во неговиот дом ј  пронашла дрога, информира МВР.

– Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога го лишија од слобода Н.С. (42) од Скопје, затвореник од КПУ Идризово, кој бил пуштен на отсуство. Врз основа на судска наредба од Кривичен суд Скопје, извршени се претреси во дом и помошни простории во општина Гази Баба, при што се пронајдени 1.806 таблети екстази, синтетичка дрога амфетамин околу половина килограм марихуана, спакувани во повеќе пакувања ,вага за мерење – велат од МВР.






СВР Скопје  утре до надлежното обвинителство ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело по чл. 215 од КЗ, а лицето ќе биде спроведено во КПУ Идризово на издржување на казната затвор.

Поврзани содржини