Кај Задар во Хрватска се урна воен авион за обука, загинаа двајца

Хрватското Министерство за одбрана потврди дека попладнево се урнал воен авион за обука, во кој биле дваца припадници на Хрватското воено воздухопловство.

549

Околу 16 часот во Хрватска, во близина на Задар, се урна авион пилатус. Порталот Индекс неофицијално дознава дека во инцидентот загинале две лица.

Хрватското Министерство за одбрана потврди дека попладнево се урнал воен авион за обука, во кој биле дваца припадници на Хрватското воено воздухопловство. Од таму посочуваат дека станувало збор за редовен лет за обука.






На местото на настанот се упатени сите надлежни служби.

Поврзани содржини