„Каќуша“ е привремена химна на руските спортисти

364

Руските спортисти ја предложија народната песна „Каќуша“ како своја привремена химна на големите меѓународни натпреварувања до 2022 година, јави вечерва агенцијата ТАСС. 

– Имаше многу варијанти за нова химна, дури и некои модерни песни. Меѓутоа, ние со големо мнозинство се одлучивме за „Каќуша“ – изјави легендарната руска репрезентативка во мечување, Софија Великаја.






Спортскиот арбитражен суд со седиште во Лозана (CAS) минатиот месец изрече забрана руските спортисти да користат државни обележја и интонирање на националната химна на големите меѓународни натпреварувања до 16 декември 2022 година, поради кршење на допинг регулативата.

„Каќуша“ е руска народна песна која стекна голема популарност меѓу руското население за време на Втората светска војна, а „Црвената армија“ го искористи истото име за легендарниот советски ракетен фрлач.

Поврзани содржини