Кај родителите, кнедла во грло, кај децата – насмевки и радост

Наставници хуманитарци, воспитуваат деца хуманитарци. Потврда за ова е наставникот Иле Михајловски од Свети Николе, чии хуманитарни акции за помош на децата од социјално загрозените семејства, ги следат и неговите ученици, но и колегите. Тој и неговата колешка, наставничката Стефани Цветковска-Илиевски од Крива Паланка, организираат хуманитарни акции за обезбедување училишен прибор и функционална ИТ опрема за учениците во нивните градови и во околните села.

465

Иле Михајловски работи како одделенски наставник веќе 25 години. Неговата сегашна генерација ученици се четврто одделение во ООУ „Кирил и Методиј“ во Свети Николе.

Со своите ученици, вели, секогаш има близок и искрен однос, со доволна доза на потребен авторитет.






„Во мојот секојдневен однос со нив, постојано се проткаени воспитни и морални елементи, силно акцентирани, оти живееме во време кога токму тие вредности сѐ послабо се ценат. Строг сум по потреба, но таа строгост не ја надминува границата преку која кај моите ученици би поттикнал страв и одбивност, напротив, да се согледа сопствената грешка и како да се поправи односот или учењето.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини