КАЈ НАС НЕ СЕ ПРОДАВА ШУНКАТА СО ЛИСТЕРИЈА КОЈА Е ПОВЛЕЧЕНА ВО ХРВАТСКА Агенцијата за храна информира дека ќе преземе мерки, ако производот дојде на нашиот пазар
Агенцијата за храна и ветеринарство ја следи состојбата и доколку се јави потреба, во најкус рок, во интерес на заштита на здравјето на граѓаните, навреме ќе бидат преземени потребните мерки за евентуално повлекување на производот од пазарот.
Агенцијата за храна и ветеринарство досега нема добиено нотификација преку Европскиот систем за известување за небезбедна храна и храна за животни (RASSF), дека на македонскиот пазар е пласиран небезбеден производ – сендвич со шунка од 500 грама со рок на употреба 31.05.2024 година, лот број 1413100, поради утврдено присуство на бактеријата листерија моноцитогенес, откако медиумите објавија дека овој производ во Хрватска е повлечен од пазарот.
АХВ, како што се наведува во соопштението, ја следи состојбата и доколку се јави потреба, во најкус рок, во интерес на заштита на здравјето на граѓаните, навреме ќе бидат преземени потребните мерки за евентуално повлекување на производот од пазарот.