Кај министерот Филипче дома се врши конектирање за да може да одржи прес или видео обраќање

811

Министерството за здравство соопшти дека Извештајот на Институтот за јавно здравје во врска со новодијагностицираните случаи со коронавирус во државава сè уште се подготвува и штом биде готов ќе биде доставен до медиумите.

Во моментов, посочуваат од Министерството, се работи на прилагодување на досегашниот формат на прес-конференциите од Владата преку зум платформата од домот на министерот за здравство Венко Филипче, кој од денеска е во самоизолација, со цел веќе од утре да продолжи комуникацијата со медиумите и јавноста како и досега.






Доколку во текот на следните часови се прилагоди системот, министерот Филипче ќе одржи стандардна прес-конференција од својот дом. Доколку не се реализира техничка можност, тој за состојбата во врска со коронавирусот во земјата ќе информира преку видео обраќање од својот дом, кое ќе го доставиме до сите медиуми и ќе го поставиме на официјалната ФБ страница на министерот, информираат од Министерството и додаваат дека новинарите може да испратат прашања на мејлот на одделението за односи со јавност при Министерството, кои ќе бидат одговорени во најкус можен рок.

Поврзани содржини