Кајмакоски заврши во болница, тврди дека поранешната сопруга му ставила дрога во кафето

2,934

Пејачот Даниел Кајмакоски завршил во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ откако му се слошило по средба со поранешната сопруга на која таа му дала кафе во кое тој се сомнева дека имало дрога.

МВР објави дека 38 – годишник со иницијали (К.М.) бил примен во болница и дека се работи на расчистување на случајот.






– Вчера во 13 часот во полициска станица Центар од Комплекс клиники „Мајка Тереза“, било пријавено дека кај нив бил примен Д.К.(38) од Струга, по чие што кажување додека бил во парк во Тетово, заедно со неговата поранешна сопруга (25-годишна жена), таа му дала кафе во кое што, според пријавеното, биле ставени наркотични средства. Жената била повикана во полициска станица Тетово при што ги негирала тврдењата на пријавителот и изјавила дека имале средба со Д.К. за да го види своето дете но воопшто не пиеле кафе. Додека траела средбата, според нејзино кажување, на Д.К. му се слошило, а таа за настанот го известила и Центарот за социјални работи. Известен бил Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од МВР.

 

Поврзани содржини