КАЈЛИ ЏЕНЕР ПОВТОРНО СЕ ПОРОДИЛА ВО ТАЈНОСТ? Обожавателите воочија еден детаљ како доказ (ФОТО)

Доказ за тоа им е фотографијата на Тревис Баркер, момчето Кортни Кардашијан, односно еден детаљ.

604

Кајли Џенер (24) успешно ја криеше првата бременост и раѓањето на ќерката, а доаѓањето на нејзиното второ бебе на бизарен начин го открија нејзините залудени обожаватели благодарение на нејзините нокти во една снимка.

Дотогаш ријалити ѕвездата успешно сѐ криеше и само нејзиното семејство и блиските пријатели знаеја дека таа и раперот Тревис Скот (30) ќе добијат принова. Откако извесно се шпекулираше за нејзината бременост, Кајли потврди дека сѐ е вистина, но деталите ги задржа за себе.






Сепак, првиот пат беше поуспешна и до самиот крај ја криеше бременоста, а со емотивно видео на Јутјуб покажа како сѐ изгледало, од првиот ден до породувањето. Иако и тогаш се шпекулираше дека чека дете со своето момче Тревис, немаше конкретни докази, а Џенер ретко се појавуваше во јавноста.

Овој пат нејзината бременост ја стави во втор план страшна трагедија на концерт на нејзиниот партнер Тревис Скот кога на фестивалот „Астроворлд“ во стампедо загинаа 10 лица. Кајли извесно време не се огласуваше на социјалните мрежи, а сега обожавателите се убедени дека таа се породила.

Доказ за тоа им е фотографијата на Тревис Баркер, момчето Кортни Кардашијан, односно еден детаљ. Имено, на фотографијата на која владее божиќната атмосфера има книги, чоколади, цвеќиња, Гринчот на телевизорот и шишенце за бебе. Фановите веднаш истакнаа дека Кајли ги користела истите шишиња кога се родила нејзината ќерка Сторми во февруари 2018 година, а интересно е тоа што таа и нејзиното момче Скот го поминале Божиќ кај Кортни.

Тие се убедени дека ријалити ѕвездата се породила, a се прашуваат дали е девојче или момче. Дополнителен доказ за тоа е што на почетокот на месецот протекоа фотографии од парот кои ги продале на еден магазин, но сѐ е повлечено по трагедијата на фестивалот „Astroworld“ кога во стампедо загинаа присутни на настанот. На фотографиите стомакот на Кајли е многу голем и сигурни се дека во ноември била во деветтиот месец од бременоста.

Уште еден доказ била и снимката на Клои Кардашијан на која се гледаат најмладите членови на нивното семејство со Дедо Мраз, а Сторми е единствената која носи заштитна маска за лице.

Останува само да почекаме да дознаеме дали фановите повторно биле во право.

Поврзани содржини