КАЈ ЛАСКАРЦИ ЗАГИНА ЌЕРКА НА ПОРАНЕШЕН АЛБАНСКИ МИНИСТЕР Ева Таво била на совозачкото седиште

Вангело Таво, татко на загинатата девојка, порано беше министер за здравство на Република Албанија.

5,031

Младата девојка која вчера загина во сообраќајна несреќа кај селото Ласкарци на пат од Тетово кон Скопје е ќерка на поранешниот министер за здравство на Албанија Вангело Таво.

Ева Таво загинала кога возилото во кое била сопатничка излетало од патот. Трагичната вест ја потврди Таво на социјалните мрежи.






Како што претходно соопшти МВР, вчера во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот „Мајка Тереза” во насока од Тетово кон Скопје, во атар на село Ласкарци, скопско, патничко моторно возило „ауди” со албански национални ознаки, управувано од В.М.(40) од Република Албанија, излетало од коловозот.

Од здобиените повреди во несреќата на местото починала сопатничката Е.Т.(24) од Република Албанија, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Додека, со тешки телесни повреди се здобил возачот В.М. констатирани во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, наведено е во полицискиот билтен.

 

СТРАШНА СООБРАЌАЈКА НА АВТОПАТОТ КАЈ СЕЛОТО ЛАСКАРЦИ Животот го загуби 24-годишна девојка од Албанија

 

Поврзани содржини