КАЈ КОВАЧЕВСКИ ПРОРАБОТЕЛ ФРОЈД? Мицкоски тврди дека премиерот има „фрустрација од мали работи“

Уште малку време ќе биде таму каде што е, а потоа и ќе замине, а некои мали работи што претставуваат негова лична фрустрација, за жал, ќе мора цел живот да ги носи – рече Мицкоски.

439

При денешната посета на Општина Кисела Вода во рамки на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените!“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, прашан за негов коментар околу споредбата на Ковачевски за „мал и голем Груевски, кој владее во ВМРО-ДПМНЕ“, тој истакна дека „можеби кај Ковачевски Фројд проработел па поради тоа тој има фрустрација од мали работи па поради тоа прави такви споредби“.

Тој додаде дека можеби и не треба да се коментираат ситните испади на Ковачевски, поради тоа што тој уште кратко време ќе ја врши функцијата каде што е.






– Ја слушнав таа изјава и морам да кажам дека кај господинот Ковачевски Фројд проработел. Можеби тој има лична фрустрација од мали работи и поради тоа прави споредба со тие мали работи. Јас би го советувал дека тие мали работи кои претпоставувам него го фрустрираат не треба да го фрустрираат, треба да гледа од позитивната страна на тоа бидејќи уште малку време ќе биде таму каде што е, а потоа и ќе замине, а некои мали работи што претставуваат негова лична фрустрација, за жал ќе мора цел живот да ги носи – рече Мицкоски.

Поврзани содржини