КАЈ КАЧАНИЧКИ ПАТ УАПСЕН 22-ГОДИШЕН ШВЕРЦЕР Возел комбе со производи без документи
При преглед на товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, што тој го управувал, пронајдени се голема количина производи без документација – соопшти МВР.
Млад скопјанец е упасен рано изутринава, откако во возилото што тој го управувал, полицијата пронашла разни производи без документација.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека денеска околу 1:10 часот на улицата Јадранска магистрала во Скопје, полициски службеници од ПО – Мирковци го лишиле од слобода А.И., 22-годишен скопјанец, поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“ по член 278 од КЗ.
– При преглед на товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, што тој го управувал, пронајдени се голема количина производи без документација. По документирање на случајот, против А.И. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава – информираа од МВР.