КАЈ И ДА Е ЌЕ ПУКНЕ Орбан тврди дека сме блиску до нова светска војна
Државите кои влегуваат во војна се мотивирани од „деловни шпекулации, размислувања за одбранбената и економската политика и пресметките на воените предности“, исто како и од посветеноста на принципите и религијата, рече унгарскиот премир Виктор Орбан.
Светот е поблиску од кога и да е еден локален конфликт да стане светска војна, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Водачите на западниот свет „се зафатени од воена треска, тие држат говори повикувајќи на победа во војната и дополнителни жртви и испраќаат сè поопасно оружје во Украина“, рече Орбан во интервју за унгарското државно радио.
Наместо едногласно да се промовира мир, светот е поделен, посочи Орбан. Турција и арапските држави, Кина и африканските земји сакаат прекин на огнот и мировни преговори, смета тој.
Во исто време, Унгарија е „во основа единствената“ европска земја која е за мир, заедно со Ватикан, рече Орбан.
Државите кои влегуваат во војна се мотивирани од „деловни шпекулации, размислувања за одбранбената и економската политика и пресметките на воените предности“, исто како и од посветеноста на принципите и религијата, нагласи тој.
Во меѓувреме, Унгарија мора да има силна армија и во исто време да промовира мир, рече унгарскиот премиер.
– Државата може да се брани доколку нејзините граѓани ја сакаат својата татковина и се подготвени да ја бранат во време на неволја и да не бегаат од неа. Да бидеме за мир не значи дека треба да бидеме беспомошни. Аргументот на Унгарија за мир не доаѓа од слабост – нагласи шефот на унгарската влада.