Каја Калас и Естонија – олицетворение на двојните стандарди на Европската унија
Околу 14% од резидентите во Естонија немаат право на глас. Околу половина од овој контингент се луѓе без државјанство и им се заканува протерување од земјата. Станува збор за етнички Руси. Премиерката на Естонија сега има големи шанси да стане шефица на дипломатиојата на ЕУ.
Премиерката на Естонија, г-ѓа Каја Калас, има големи шанси да биде избрана за нов комесар за надворешна политика во Европската комисија.
Доаѓа од земја со околу 1,3 милиони жители, што е голем успех – и нејзин личен и на земјата што ја претставува.
Естонија и самата Каја се одраз на двојните стандарди на ЕУ во однос на прашањата сврзани со демократските принципи, геополитиката и слично. Имено, во естонскиот Закон за државјанство, донесен во 1992 година врз основа на новиот Устав, веднаш по осамостојувањето од поранешниот СССР, беше предвидено дека по автоматизам естонско државјанство добиваат лицата кои живееле на територијата на денешна Естонија пред 1940 година.
Родените и доселени по 1940 гиодина требаше да аплицираат за државјанство. На овој начин, над 90% од етничките Естонци се стекнаа со државјанство уште пред првите демократски избори, додека само 8 -10% од не-Естонците добија државјанство.
За не-Естонците, претежно етнички Руси, процесот е комплициран, поради барањето за солидно познавање на естонскиот јазик. Се цени дека околу 14% од резидентите во Естонија немаат право на глас. Околу половина од овој контингент се без државјанство и им се заканува протерување од земјата, а другата половина се одлучиле за руско државјанство, само да не станат граѓани без државјанство.
Лицата без естонско државјанство не смеат да членуваат во политички партии и со тоа се дополнително исклучени од можноста на демократски начин да влијаат на развојот во земјата.
Со Законот за јазик од 2011 година, единствен официјален јазик во јавната администрација, државните агенции и локалните власти е естонскиот. Овие одредби важат за мнозинството државни компании, фондации основани од државата и непрофитни организации со државно учество. Исклучок се локалните заедници со над 50% население кое зборува јазик различен од естонскиот, но и тие целата комуникација со државните институции треба да ја водат на естонски јазик.
Ова значи дека за да се биде избран на каква било државна функција, услов е течно да се зборува естонскиот јазик.
Според некои проценки, околу една четвртина од населението во Естонија се етнички Руси, а нивната процентуална застапеност во поголемите градови е уште повисока.

Новиот комесар за надворешни работи на Европската комисија, г-ѓата Калас, постојано повикува на интервенција на НАТО на страната на Украина во руско-украинската војна, а неодамна се приклучи на повикот на претседателот на Полска, Анджеј Дуда, да се распарчи Русија.
Бог нека им е на помош и на двајцата – и на нам со нив!