„КјурВак“ и „Новартис“ заеднички ќе произведуваат вакцина

699

Германската фармацевтска компанија „КјурВак“ го објави партнерството со швајцарската компанија „Новартис“ во заедничкото производство на вакцината против коронавирус, што досега самата ја развиваше, се наведува во соопштението на германската компанија објавено на нејзината Интернет страница.

„КјурВак“, која развива нова класа лекови врз база на рибонуклеинска киселина (mRNA) и „Новартис“ денеска објавија дека потпишале првичен договор за производство на вакцина против Ковид-19“, се наведува во соопштението.






Истовремено, германската компанија наведува дека веќе се во тек подготовките за почеток на производството, трансфер на технологија и тестирање.

По склучувањето на конечниот договор „Новартис“ има намера до крајот на 2021 година да произведе до 50 милиони дози од вакцината. Во 2022 година, како што е наведено во соопштението, швајцарската компанија планира да произведе до 200 милиони нови дози од вакцината. Се очекува испораките од нивната фабрика во австрискиот град Кундла да почнат во летото 2021 година.

-Задоволни сме што во „Новартис“ најдовме нов, многу искусен партнер за поддршка на производството на нашата вакцина. Заедно со „Новартис“ планираме значително да го зголемиме производниот капацитет и да ја прошириме нашата производна мрежа, рече Флоријан фон дер Мулбе, портпаролот на „КјурВак“.

 

Поврзани содржини