ЈП „НАЦИОНАЛНИ ШУМИ“ ЌЕ КУПУВА ОПРЕМА ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПОЖАРИ Инвестицијата изнесува повеќе од 780.000 евра

Планирано е да се купи специјална опрема за гасење на шумски пожари – пумпи; булдожери; дизел – компресор комплет за потребите при изградба на патишта и трактор со витло.

63

Јавното петпријатие „Национални шуми” ќе купува механизација и опрема во шумарството и заштита од природни непогоди во вкупен износ од 48 милиони денари (780.488 евра).

Инвестицијата целоно ќе биде реализирана со поддршка на Министерството за земјоделство за што денеска беше потпишан договор меѓу министерот за земјодлество Цветан Трипуновски и директорот на ЈП „Национални шуми”, Здравко Трајанов.






– Финансиската поддршка се доделува во висина од 100% од вредноста за инвестициони вложувања за набавка на механизација и опрема во шумарството и заштита од природни непогоди но не повеќе од 48.000.000 денари со вклучен ДДВ, соопштија од Министерствоот за земјодлество.

Планирано е да се купи специјална опрема за гасење на шумски пожари – пумпи; булдожери; дизел – компресор комплет за потребите при изградба на патишта и трактор со витло.

-Оваа директна инвестиција има за цел модернизација на ЈП „Национални шуми” во делот на заштитата на шумите и ефикасното справување со природните непогоди – велат од Министерството.

Поврзани содржини