JА ПРЕТЕПАЛА 29-ГОДИШНАТА СНАА Приведена 49-годишна жена по инцидентот во Македонска Каменица

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 24 април 2025 година во семејниот дом, В.Х. физички ја нападнала својата 29-годишна снаа.

803

Свекрва нападна снаа во семеен дом во Македонска Каменица. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.Х. (49) од Македонска Каменица поради сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, согласно член 144 став 3 во врска со став 1 и член 45 од Кривичниот законик.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 24 април 2025 година во семејниот дом, В.Х. физички ја нападнала својата 29-годишна снаа. По инцидентот, веднаш интервенирале полициските службеници од Полициското одделение Македонска Каменица, кои ја лишиле В.Х. од слобода.






„По преземените мерки и активности, против лицето е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Делчево. Апелираме до граѓаните сите семејни спорови да ги решаваат на мирен начин, без употреба на насилство“, наведуваат од МВР.

Поврзани содржини